Натпреварот помеѓу Џенова и Торино кој требаше да се игра на 3 октомври (сабота), е одложен. Причина се 14-те позитивни случаи на ковид-19 во редовите на клубот чиј член е Горан Пандев, а за наша среќа, капитенот на македонската репрезентација не е заразен и ќе може да дојде во Скопје за многу важниот дуел со Косово на 8 октомври.
Џенова викендов загуби од Наполи со 0-6, таму не играа двајца играчи кои претходно се заразија, а по дуелот со Наполи, голем број фудбалери кои настапија на тој меч се заразени и мораа да заминат во изолација.
Според правилата во Италија, ако еден тим има барем 13-мина здрави фудбалери, од кои еден голман, мечот може да се игра како што е планирано. Ако тимот не сака да игра, а има 13-мина здрави, тогаш следува службен пораз од 0-3. Секој клуб има право еднаш да побара одложување без да му биде изречен службен пораз, но само ако во една недела има барем 10-мина заразени играчи во своите редови.