Официјално: Откажана трката за ГН на Сан Марино (Фото)

Раководството на Форума 1 и официјално ја откажа трката за ГН на Сан Марино, која требаше да се вози престојниов викенд на патеката во Имола. Причината за откажувањето се екстремните временски услови кои го зафатија овој дел од Италија и големите поплави.

Во официјалното соопштение се вели:

„Донесена е одлука трката да се одложи бидејќи не е можно да се организира безбеден настан за нашите гледачи, тимови и персоналот и тоа е исправна и одговорна одлука со оглед на ситуацијата во која се наоѓа овој регион. Не е во ред да се прави дополнителен притисок на локалните власти и итните служби во овие тешки моменти. Сакаме да им оддадеме признание на итните служби кои прават сè за да им помогнат на оние на коишто им е потребна помош. Одлуката е донесена во разговор со сите засегнати“, велат од Ф1.

Во поплавите во овој дел од Италија досега загинаа тројца жители, а илјадници се раселени и евакуирани.

- Оглас -

Најнови вести