Официјално: Пирло доби отказ, наскоро промоција на Алегри

Андреа Пирло повеќе не е тренер на екипата на Јувентус, потврди клубот преку официјално соопштение. Управата на Бјанконерите го разреши стратегот по само една сезона, иако договорот му важеше до јуни 2022 година.

Јувентус со Пирло на кормилото во изминатава сезона не беше на високо ниво. Едвај се избори за пласман во Лигата на шампионите како четврта најдобра екипа во Серија А, додека освоениот трофеј во Купот на Италија е утешна награда за гигантот од Торино.

Пирло ја водеше екипата во вкупно 52 натпревари со учинок од 34 победи, 10 ремија и 8 порази, односно просечно освои 2,15 бода по натпревар.

Во наjскоро време Јувентус ќе го промовира наследникот на Пирло, тоа ќе биде Максимилијано Алегри кој се враќа на клупата по две години пауза, а веќе е постигнат договор на четири години според кој Алегри ќе заработува 9 милиони евра по сезона.

- Оглас -

Најнови вести