Официјално: Политиката го победи спортот во случајот Мхитарјан

Хенрих Мхитарјан и дефинитивно нема да биде дел од составот на Арсенал во финалето на Лига Европа кога „топчиите“ ќе играат против Челзи, на 29 мај во Баку. Ова е голем пораз на фудбалот и победа на политиката. Мхитарјан нема да игра само затоа што е Ерменец.

Стравот за безбедноста на нивниот член, придонесе во Арсенал да ја донесат оваа болна одлука, но политичкиот проблем помеѓу Азербејџан и Ерменија е голем, и не сакаа да не долеваат масло на оганот.

„Разочарани сме што Хенрих Мхитарјан нема да патува со нас на финалето со Челзи. Темелно ги гледавме сите опции, сакавме Мики да биде со нас, но после разговорите со него и неговото семејство, се сложивме да не оди со нас. Ова е голем губиток за нас, Мики ни беше клучен играч на патот до финалето. Тажни сме што поради вакви работи, тој не може да игра, вакви финалиња не се играат секој ден“ – напишаа од Арсенал во официјалното соопштение.

- Оглас -

Најнови вести