Официјално: ПСЖ го купи Невеш за 70 милиони евра (Видео)

Актуелниот шампион на Франција, екипата на ПСЖ, и официјално го претстави најново засилување за следната сезона. Се работи за 19-годишниот Жоао Невеш, кој во Париз пристигнува од Бенфика.

„Светците“ на португалците ќе им платат 60 милиони евра, но и дополнителни 10 милиони евра во бонуси.

„Горд сум што кариерата ја продолжувам во ПСЖ. Многу амбициозен клуб. Ќе дадам се од себе за да им помогнам на соиграчите , за да растам во овој фантастичен клуб и да освојувам трофеи.“ – рече Невеш на презентацијата.

Иако има само 19 години, Жоао Невеш веќе собра 75 сениорски настапи за Бенфика.

- Оглас -

Најнови вести