Серхио Рамос и Севилја нема да ја продолжат соработката, а официјалното простување на легендарниот шпански дефанзивец со клубот ќе биде утре, на церемонија од 11 часот.
Откако го исполни својот сон да се врати во клубот каде што дебитираше како професионален фудбалер, Рамос одигра 37 натпревари во сезоната 2023/2024. Но, само по една сезона, си оди.
„ФК Севиља сака да му се заблагодари на Серхио Рамос за лидерството и максималната посветеност што ја покажа во оваа сезона, посакувајќи му многу среќа во неговиот следен професионален предизвик“, објавија Андалузијците.
Не се знае каде Рамос ќе ја продолжи кариерата, но фаворити за неговиот потпис се клубови од САД и Саудиска Арабија.