Официјално: Светското првенство 2030 година ќе се игра во шест земји на три континенти!

ФИФА објави дека Светското првенство во фудбал во 2030 година ќе се игра во шест земји, и тоа на три различни континенти.

Домаќини на Мундијалот ќе бидат јужноамериканските Аргентина, Уругвај и Парагвај, европските Шпанија и Португалија, како и африканската држава Мароко.

Со ова ФИФА ги задоволи двете кандидатури и направи нешто што не е видено досега. Мундијалот 2030 ќе биде точно на 100 години од првото СП во Монтевидео во Уругвај, па и Уругвајците по цел век пак ќе имаат прилика да ги нагостат најдобрите, додуша само еден меч на стадионот „Сентенарио“. Во Јужна Америка ќе се играат само три меча, по еден во секоја земја, додека сите други мечеви ќе се играат во Шпанија и нејзините соседи Португалија и Мароко.

- Оглас -

Најнови вести