Официјално: Вуко Борозан останува уште една сезона во Вардар 1961!

Ракометниот клуб Вардар 1961 и црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан постигнаа договор за продолжување на соработката.

Левиот бек ќе го носи дресот на најтрофејниот македонски клуб и во сезоната 2025/2026, што претставува потврда за високите амбициите на клубот во домашните и европските натпреварувања.

„Борозан, кој повторно се приклучи на Вардар во 2024 година, со своето искуство, физичка доминација и разорен шут беше еден од клучните играчи во освојувањето на Куп-титулата. Продолжувањето на договорот е доказ за заемната доверба меѓу играчот и раководството на клубот“, објавија вардарци.

Левиот бек беше член на Вардар во периодот од 2016 до 2019 година и како играч на клубот има освоено и три титули во Македонија, три Купа, трипати СЕХА-лигата. По заминувањето од Вардар беше дел од тимот на Веспрем, Ал-Араби и Ловќен.

Настапуваше и за репрезентацијата на Црна Гора во 2014, 2016 и 2024 година. Во 2017 година Борозан беше избран за „Спортист на Црна гора“.

- Оглас -

Најнови вести