Официјално заврши сагата околу Кимих, останува во Баерн до 2029 година!

Баерн Минхен официјално го објави новиот договор на Џошуа Кимих. Сагата со германскиот интернационалец заврши и тој ќе остане кај Баварците до летото 2029 година.

Актуелниот договор му истекуваше на крајот на сезоната, а по долги преговори, двете страни на крајот конечно постигнаа договор, па Кимих нема да си замине од клубот во којшто е веќе цела деценија.

Џошуа Кимих е дел од Баерн од 2015 година, кога потпиша од Штутгарт. За Баварците има 429 настапи, на кои има постигнато 43 гола и 114 асистенции. Тој е трет капитен на тимот, по Мануел Нојер и Томас Милер, а прв капитен на германската репрезентација.

„Во Баерн ја имам најдобрата средина за да ги постигнам своите спортски цели. Врз основа на тоа ја донесов својата одлука. Се чувствувам како дома“, изјави Кимих за официјалната веб-страница на клубот.

За Кимих имаше интерес од неколку други европски гиганти, но тој реши да тргне по стапките на Алфонсо Дејвис, Мануел Нојер и Џамал ​​Мусијала, кои исто така ја продолжија верноста.

- Оглас -

Најнови вести