Офкаа, па заслужено му аплаудираа – Чудно е ваков мајстор да брани за петтолигаш во Англија (Видео)

Рајан Сандфорд имаше брилијантни одбрани за англискиот петтолигаш Вејмут, и тоа на дебито за клубот против Бет, во меч што неговиот нов тим го загуби со 2:1 на гостински терен.

Сандфорд приреди спектакуларно шоу во иста акција кога одбрани пенал, а потоа на чудесен начин уште трипати со феноменални реакции не дозволи да прими гол.

Домашните навивачи постојано воздивнуваа по секоја одбрана на 23-годишниот голман и кога веќе долгата акција заврши, заслужено му аплаудираа.

Weymouth goalkeeper Ryan Sandford great quadruple save v Bath City from soccer

Интересно е што Сандфорд, кој има брането за Англија во категорија на фудбалери до 18 години, завчера потпиша договор за позајмица со Вејмут и истиот ден веќе дебитираше за новиот клуб во Националната лига на Англија.

 

- Оглас -

Најнови вести