Огромен интерес: Продадени над 4.000 билети за Вардар – Црвена ѕвезда

Повеќе од 4.000 билети се продадени за помалку од 15 часа, за хуманитарниот меч меѓу Вардар и Црвена ѕвезда, информираше извршниот директор на Црвено-црните, Миленко Неделковски, преку социјалните мрежи.

Спектаклот ќе биде на 16 април на арената „Тодор Проески“, а некогашниот европски првак Црвена ѕвезда ќе гостува во Скопје по пауза од повеќе од две децении.

Собраните средства од билетите од овој хуманитарен меч ќе бидат за настраданите во трагедијата во Кочани.

 

- Оглас -

Најнови вести