Огромна е разликата во плати – Германците ќе имаат најскап селектор на Мундијалот, Тунижанецот е сиромаштија за него (Фото)

Ханси Флик ќе биде најскапиот селектор на репрезентација што ќе учествува на Светското првенство во Катар, а ќе се обиде да ја предводи Германија до петтата шампионска круна.

Менаџерот кој не посети со Германците во Скопје на 11 октомври лани, кога ја победија Македонија со 4:0, има годишна плата од 6,5 милиони евра.

Зад него е Герет Саутгејт, селекторот на Англија, со 5,8 млиони евра, а во трилингот најплатени е и актуелниот светски првак Дидие Дешамп со 3,8 милиони евра.

Дешамп со Франција ќе се обиде да ја одбрани светската круна во Катар на шампионатот што ќе се игра во ноември и декември оваа година.

Најскромен од сите 32-ца селектори според годишните примања е селекторот на Тунис, Жалел Кадри, со 130 илјади евра.

- Оглас -

Најнови вести