Огромна загуба и трагедија – Почина 19-годишниот мотоциклист Џејсон Дупасквер

Огромна загуба и трагедија за мотоспортот е смртта на 19-годишниот мотоциклист од Швајцарија, Џејсон Дупасквер, кој им подлегна на повредите по вчерашниот инцидент во квалификациите во Фиренца.

Дупасквер загуби контрола над моторот и имаше страотен пад, по кој заврши неколку метри покрај патеката. Беше итно однесен во болница, но за жал не успеа да ја добие најважната битка за живот и им подлегна на повредите.

Дупасквер имаше неколку сложени операции на главата во болница во Фиренца, но за жал го загуби животот.

- Оглас -

Најнови вести