31.8 C
Skopje
среда, 24 септември 2025

Охрид елиминира уште еден прволигаш, овојпат лесно го победи Шкупи, понатаму оди и Детонит

Екипта на Охрид убедливо со 3:0 го победи Шкупи во меч од осминафинале на Купот на Македонија. Уште во првото полувреме Охрид поведе со 2:0, а потоа постигна уште еден гол во вториот дел за потврда на сигурната победа.

Интересно е дека второлигашот Охрид во првите две кола елиминираше два прволигаши. Охриѓани во првото коло по подобро изведување на пеналите беа подобри од Брера, а сега лесно го совладаа Шкупи.

Понатаму во Купот продолжува и тимот на Детонит, кој минимално со 1:0 славеше на гости кај Беласица.

Во останатите мечеви од осминафиналето ќе играат: Шкендија (А) – Пелистер (08.10.2025), а на 15 октомври ќе играат Шкендија – Тиквеш. За 29 октомври закажани се дуелите меѓу: Башкими – Силекс, Македонија ЃП – Струга ТЛ, Работнички – Брегалница и Вардар – Новаци.

- Оглас -

Најнови вести