Охрид на седум од осумте меча одигра 0-1 гол, Шкупи е фаворит против Силекс

Шкупи е домаќин на Силекс во првиот меч од 10. коло на Прва фудбалска лига. Чаирчани на свој терен се одлични и во пет меча имаат четири победи и едно реми со вкупно 13 дадени гола. Силекс е незгоден на гости, а кратовци го имаат и најдобриот напад во лигата со вкупно 21 постигнат гол во 9 средби.

Неверојатна е традицијата која вели дека 12 од последните 14 меѓусебни дуели завршиле со 0-2 гола, а сигурно и денеска ќе биде неизвесен мечот на Чаир.

Во втората лига денеска се игра комплетното 9. коло. Охрид го пречекува Лабуништа во западната конкуренција. Тоа што е значајно е дека во двете конференцииски втори лиги, Охрид е тимот со најмалку дадени и најмалку примени голови.

По осум одиграни средби, гол разликата на Охрид е три постигнати и четири примени гола. Тоа едноставно кажува деа главна цел е да се одбранат, а ако е можно да постигнат барем еден погодок. Лабуништа е  противник по мерка ако се знае дека ја има најслабата одбрана на Западот.

Гостивар како лидер во западната конференција гостува кај Кадино, тим кој досега нема ниедно реми. Гостите имаат четири победи во низа и три меча по ред на кои ја сочувуваат мрежата незатресена.

 

- Оглас -

Најнови вести