Еден „класичар“ кој уплатил тикет во објект на Sport Life во Охрид со игра на конечен тип и еден битолчанец кој играл на 1-2 голови во двете полувремиња составија одлични добитни тикети со огромни вкупни квоти.
Во Битола добитниот тикет е со уплата само од 50 денари, а бруто-добивката е 83.633 денари, и тоа за седум пара со фудбалски мечеви претежно од топ лигите, на кои е типувано дека ќе има од еден до два гола во двете полувремиња.
На некои од мечевите прилично рано паѓаа втори голови во полувремињата, но за среќа на обложувачот, не падна и трети, па тикетот со мечевите кои се играа вчера е добитен со вкупна добитна квота од речиси 1.700.
„КЛАСИЧАР“ ОД ОХРИД ГИ ПОГОДИ СИТЕ ШЕСТ ФИКСОВИ
Во Охрид тикетот е „класика“, играно е само на конечен тип и тоа нема „икс“, туку само кецови и двојки. Оваа тактика од „стара школа“ донесе резултат, на сите шест натпревари кои се играа во петокот, исходите беа како што посакуваше овој обложувач.
Според тоа како се одвиваа настаните, може да се каже дека најкритичен му бил мечот Венеција – Торино, на кој е типувана двојка, а гостите победничкиот гол го постигнаа доцна, во 86-тата минута.
Потоа работите одеа полесно, иако на последните два меча во Лутон и Овиедо имаше пресврти и со 1-0 поведуваа екипите кои требаше да загубат според овој играч кој со 200 денари плата има добитен тикет со бруто-добивка од 135.368 денари.