Тренерот на Галатасарај, Окан Бурук, го истакна огромното значење на победата над Ливерпул. Турскиот гигант славеше со 1-0 во дуелот од главната фаза на Лигата на шампионите.
„Прекрасно е што го победивме Ливерпул. Атмосферата на стадионот беше фантастична, играта беше фантастична. Им благодарам на моите играчи, тие го направија сето она што го замисливме. Им благодарам и на нашите навивачи, тие не престанаа да нè поддржуваат. Сè направивме заедно – се браневме заедно и напаѓавме заедно. Оваа победа е многу важна за популаризацијата на турскиот фудбал. Нашето првенство е потценето во Европа и ми е драго што покажавме на што се способни турските клубови. Имавме некои слаби натпревари во минатото, но да се победи Ливерпул без да се прими гол, навистина е многу важно“, изјави Окан Бурук.
Единствениот гол на натпреварот во Истанбул го постигна Виктор Осимен од пенал.