Лос Анџелес клиперс поведе со 2:1 во дуелите против Денвер нагетс во НБА-плејофот откако во третиот меѓусебен дуел, тимот од ЛА победи убедливо со 117:83. За разлика од првите два меча, кога имаше драма и неизвесни завршници, овојпат Клиперс по брза постапка ги реши сите дилеми.
Домаќините поведоа со 18 разлика на полувреме и во вториот дел не сопреа sо темпото, туку продолжија во ист стил за на крајот да слават со 34 поени предност. Денвер загуби убедливо, но Никола Јокиќ повторно имаше трипл-дабл. Српскиот центар мечот го заврши со 23 поени, 13 скока и 13 асистенции. Сепак, Јокиќ едноставно не може сам да се бори против еден силен тим каков што е Клиперс.
Кај победничкиот тим, Кавај Ленард имаше 21 поен и 11 скокови, а по 20 поени постигнаа Џејмс Харден и Норман Пауел.
На останатите два меча кои се одиграа ноќеска, победија гостите. Во драматичен финиш, Њујорк славеше на теренот кај Детроит со 118:116 и поведе со 2:1 во серијата.
Оклахома веројатно ги реши сите дилеми во плејоф-серијата со Мемфис откако славеше со 114:108 на гостински терен и поведе со 3:0. Победата на Оклахома е вистинска сензација ако се знае дека пред крајот на втората четвртина Мемфис имаше предност од неверојанти 29 разлика и беше 69:40.
Сепак, во второто полувреме Оклахома успеа да се врати и да го запише второто најголемо враќање во историјата на НБА-плејофот.