Два полуфинални конференциски дуели се играат ноќеска во НБА-лигата. Детроит и Оклахома веќе имаат водство од 1:0 во победи против Кливленд и Лос Анџелес лејкерс и сега повторно играаат пред своите навивачи.
Оклахома го брани тронот од минатата сезона, а по досега одиграното, покажува дека повторно е главен фаворит за освојуавње на тронот. Оклахома победи на сите пет меча во плејофот досега, а ноќеска го дочекуваат Лејкерс, кој повторно ќе биде без Лука Дончиќ. Дури и традицијата е на страната на Оклахома затоа што ги доби последните шест меча против тимот од Лос Анџелес.
Понеизвесно се очекува да биде во Деторит, каде што домашниот тим го пречекува Кливленд. На првата средба од оваа серија Детроит победи со 10 разлика, но ако се погледнат традицијата и резулатите од последните 10 меѓусебни пресметки, Кливленд има шест победи.

Дури 25-мина кошаркари се дел од понудата за „плус-минус“ поени на играчите кои се очекува ноќеска да се најдат на НБА-паркетите.


