Оклахома шампионскиот карактер треба да го покаже на теренот кај нивниот најнепосакуван ривал сезонава

Екипата на Сан Антонио на свој терен ја носи финалната серија од Западната конференција против Оклахома, и тоа со еден направен брејк на гости. Иако Оклахома е актулен првак и еден од главните фворити за нова шампионска радост, сепак, Сан Антонио е ривалот кој сезонава се покажа како најнепожелен за нив.

Во регуларниот дел од сезоната, овие две екипи одиграа вкупно пет меча, а Сан Антонио победи дури четирипати. Спарси победија и во првиот дуел од финалната плејоф-серија, и тоа дури по продолжение, па потоа, во втората пресметка, силата ја покажа и Оклахома, која славеше со девет поени предност.

Едноставно ова може да биде серија која може да се решава и во максимални седум средби.

Во понудата на Sport Life има и за „плус-минус“ поени дури на 14-мина кошаркари кои вечерва треба да бидат на теренот, по седум од двата тима. Да биде во плус поени Шеј Гилџес-Александер треба да постигне над 30,5 поени. Првата ѕвезда на Сан Антонио, Виктор Вамбањама, е на граница од 25,5 поени.

- Оглас -

Најнови вести