Оклахома си одбра гром засилување – Дебитантот Чет растури со рекорди на дебито (Видео)

Оклахома сити тандер направи вистински потег на драфтот со изборот на Чет Холмгрен како втор пик, а новиот кошаркар на НБА-тимот во дебито во летната лига уриваше рекорди и најави дека ќе биде гром засилување.

Холмгрен постигна 23 поени со 7 скока, шест блокади и четири асистенции, а погоди и четири тројки од шест обиди во победата против Јута џез со 98:77.

Никој досега како дебитант во Летната НБА-лига немал шест блокади и комбинација од барем пет рампи и три тројки.

Шутерското шоу на Чет за три поени е уште погромогласно ако се знае дека се работи за центар висок 216 сантиметри, што значи дека 20-годишникот е одличен шутер.

И што е најважно, полн е со самодоверба, па по мечот и се пошегува.

„Само шест блокади? Тогаш ќе морам да се вратам и повторно да го урнам рекордот“ се почегува Чет на „Твитер“.

https://twitter.com/BleacherReport/status/1544519049689722880?s=20&t=5W2eDOk-m-iSEEVIH3gw4A

Имаше и храбра изјава во ноќта кога се одржа драфтот во НБА и пред два месеци изјави дека наскоро ќе биде најдобриот кошаркар во Лигата и на светот.

Дебито му беше одлично, но талентот и квалитетот ќе треба да го презентира од октомври, кога почнува новата сезона во НБА-лигата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести