Њу Ингланд пејтриотс го освои 53-тото издание на Суперболот со триумфот од 13-3 над ЛА рамс. Патриотите стигнаа до шестата тиула во историјата, што значи израмнување со Питсбург по бројот на титули, а новиот трофеј заслужуваше да се прослави на оригинален начин.
Играчите убаво се забавуваа во соблекувалната по мечот, еден од нив со џиновски касетофон правеше забава, додека сопственикот на франшизата, Роберт Крафт, ги почасти шампионите со пури кои се стари 50 години. Честа прв да запали ја имаше најкорисниот играч на средбата, Џулијан Еделман.
Оваа „одл скул“ прослава траеше до зори:
If you aren't going to celebrate to Mo Bamba with a GIANT boombox in the locker room, don't even bother winning pic.twitter.com/C0fj8aHoqy
— Sports Illustrated (@SInow) February 4, 2019
Robert Kraft is passing out 50-year-old cigars in the locker room pic.twitter.com/IicTQXdzBk
— Sports Illustrated (@SInow) February 4, 2019