Англија е вториот финалист на Европското првенство откако вечерва во Дортмунд ја совлада Холандија со 2-1. Во финалето во Берлин в недела ќе се сретне со селекцијата на Шпанија, која вчера беше подобра од Франција.
OH MY FUCKING GOD OLLIE WATKINS WINS IT FOR ENGLAND🏴🏴🏴🏴🏴🏴🏴🏴🏴🏴
ITS COMING HOME🏴🏴🏴🏴 pic.twitter.com/9TBJyPYhVW
— The 44 ⚽️ (@The_Forty_Four) July 10, 2024
Оли Воткинс е херојот на Англичаните. Селекторот Герет Саутгејт направи одлична замена, го повлече капитенот Хари Кејн, заедно со Фил Фоден, а во завршницата ги уфрли Оли Воткинс и Кол Палмер.
Во 91.минута, Палмер асистираше, а Оли Воткинс постигна гол за триумф и пласман во финалето.
Холандија прва поведе во седмата минута со голот на Чави Симонс, а израмни Хари Кејн од пенал во 18.минута од мечот.