Олимпијакос носи засилување од НБА

Американскиот кошаркар Кендрик Нан ќе биде ново засилување за грчкиот шампион Олимпијакос. Италијанскиот новинар Матео Андреани објави дека Олимпијакос и Нан ги договориле сите детали и наскоро кошаркарот ќе стане член на грчкиот тим.

Нан се согласил да потпише двегодишен договор со Олимпијакос, за што ќе заработи шест милиони евра.

https://twitter.com/matty_vanpersie/status/1686077321495658500?s=20

Новинарот на магазинот „Спортс Илустрејтед“, Шандел Ричардсон, исто така потврди дека Нан наскоро ќе ја напушти НБА-лигата и ќе се пресели во Олимпијакос.

Кендрик Нан во својата кариера има настапувано за НБА-екипите на Мајами хит, ЛА лејкерс и Вашингтон визардс, како и за тимот од развојната лига Санта Круз вориорс.

- Оглас -

Најнови вести