Олимпик Марсеј во судиското продолжение остана без победата (Видео)

Фудбалерите на Олимпик Марсеј и Стразбур одиграа 1:1 во првиот меч од 18-то коло во француската Лига 1.

Домаќинот поведе уште на самиот старт, во втората минута преку Гиго.
Стразбур пак, од пораз се спаси во судиското продолжение кога Себас постигна гол за 1:1.

Олимпик Марсеј со освоениот бод скокна на петтото место на табелата со 28 освоени бода, колку што има и Лил кој својот меч од ова коло ќе го игра в недела.
Стазбург остана на деветтото место со 23 освоени бодови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести