Олимписките шампиони „газат“ во Њујорк

Александер Зверев стигна до 15-тата победа во низа потврдувајќи дека триумфите во Токио и Синсинати не се случајни. Нова „жртва“ на олимпискиот шампион беше Италијанецот Јаник Синер, за кого на Зверев му беа потребни два и пол часа да го надигра со 6-4, 6-4 и 7-6 во сетови.

Моментално 16-тиот тенисер според АТП-листата најмногу издржа во третиот сет, кога изнуди тајбрејк и првпат успеа да му украде сервис на Зверев, но Германецот не погреши при својата прва меч-топка за победа за пласман во четвртфиналето на Отвореното првенство на САД.

Во слично расположение беше и олимписката шампионка Белинда Бенчиќ, која во два сета ја реши Ига Свјатек со 7-6 и 6-3. Швајцарката направи исчекор кон изедначување на својот најдобар пласман на гренслемот во Њујорк, кога пред две години играше полуфинале.

- Оглас -

Најнови вести