Еден од приоритети на Барселона за ова лето беше ангажманот на Дани Олмо од екипата на Лајпциг. Неговата вредност е 50 милиони евра, а малку повеќе беше и сумата која ја бараше бундеслигашот. Сепак, по заминувањето на Чави Ернандес, веќе никој не го споменува Шпанецот како можно засилување.
Со доаѓањето на Ханси Флик, се променија и приоритетите, па Олмо по Европското првенство треба да одлучи дали ќе остане во Лајпциг, со кого има договор до 2027 или ќе биде продаден.
Во моментов за него има интерес од Баерн Минхен, но и од премиерлигашите Манчестер јунајтед и Ливерпул. И трите екипи нема да имаат проблем да го платат бараното обесштетување за неговите услуги.