Олсоп кажа стоп со најдобрата одбрана на почетокот на годината (Видео)

Рајан Олсоп ризикуваше и повреда за да спаси предност на Бирмингам и успеа со неверојатен рефлекс на мачка да го спаси Вајкомб од пораз во меч од Чемпионшип лигата во Англија.

Олсоп одбрани удар од близина, само од пет метри, а потоа и буквално беше истуркан во мрежата на домаќините, но не дозволи пораз на својот тим.

Мечот заврши без голови, а Олсоп, кој има 28 години, сега брани во втората по ранг англиска лига откако беше голман на Борнмут во Премиер лигата и има два настапи во англиското првенство.

Импресивната одбрана на голманот на Вајкомб вечерва против Бирмингам можете да ја погледнете ОВДЕ.

 

- Оглас -

Најнови вести