Омикрон ја натера НХЛ да ја зголеми паузата

Најдобрата хокејска лига, НХЛ, ќе замине на тридневна пауза поради големиот број заразени со омикрон варијантата на вирусот ковид-19.

Челниците, но и играчите на оваа лига, се одлучија практично да ја зголемат стандардната пауза, којашто е од 24 до 26 декември, па таа сега ќе почне од 22 овој месец.

Вечерва ќе се одиграат последните две средби пред паузата, освен ако и таму не се појават новозаразени на тестирањата во наредните часови.

Хокеарите на мразот ќе се вратат на 27, а ден претходно ќе бидат тестирани сите играчи со цел да се добие јасна слика околу оваа ситуација.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести