29.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

Онана блесна во првиот меч откако си замина од Манчестер јунајтед и доби највисока оценка

Андре Онана неодамна си замина од Манчестер јунајтед и го облече дресот на Трабзонспор во Турција. Голманот кој често беше оспоруван и посочуван како виновник за многу порази на Манчестер поради неговите слаби одбрани, овојпат блесна во дебито за својот нов клуб.

Камерунскиог голман бранеше на тешкото гостување на Трабзонспор кај Фенербахче. На крајот, Трабзонспор загуби со 1:0, но Онана беше оценет како најдобар играч на мечот.

Трабзонспор од 20-тата минута играше со фудбалер помалку по добивањето на директен црвен картон на Окај Јокуслу, па Фенербахче доминираше на теренот.

Онана имаше дури осум одбрани, од кои четири беа по шутеви упатени внатре од шеснаесетникот. Имаше и две успешни истрчувања на шеснаесетникот, како и четири сигурно освоени топки по центаршутеви. За неговата игра доби оценка 8,7 најголема од сите кои беа на теренот.

Сепак, Онана не успеа да го спаси Трабзонспор од пораз. Во 45 минута, Фенербахче даде гол за 1:0 и на крајот тој момент се покажа како клучен за трите бода да ги освои турскиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести