Опасниот Феникс ќе му се спротивстави на ранливиот Голден стејт

Голден стејт вориорс – Феникс санс (03:30ч, НБА-лига)

Феникс покажа дека е доста незгоден противник во досегашните четири меча кои ги одиграа. Сонцињата запишаа победи против Сакраменто и моќниот Клиперс, додека во поразите против Јута и Денвер до последно го мачеа противникот и загубија минимално. Иако ноќеска тимот од Аризона ќе биде без клучниот играч Дијандре Ејтон, нема сомнежи дека ќе бидат рамноправен противник на  Кари и останатите Воини.

Без Томпсон, Голден стејт на периоди игра ужасно и многу лесно си ја открива ранливоста, како што беше случајот во дебаклот од Оклахома. Сепак, не треба да се заборави дека и Голден стејт и Феникс се шутерски настроени екипи, па затоа не се исклучува можноста ноќеска да се случи шутерско шоу.

Предлог тип: >228,5 поени (1.85)

 

Торонто репторс – Детроит пистонс (00:30ч, НБА-лига)

Рептилите не се снаоѓаат најдобро со дефанзивно ориентираната екипа на Детроит. Ги загубија последните три меѓусебни дуели, од кои еден е на домашен терен. Меѓутоа, актуелните шампиони влегоа во победнички ритам и во нивната соблекувална владее позитивна атмосфера дека може да се продолжи серијата.

Пистонс, пак, сакаат да воспостават стабилност, па и тие да победуваат во низа. Детроит е тим кој првично се фокусира на одбраната, а потоа да стори доволно за победа. Затоа овој меч нема да биде ефикасен, па подобро е да се типува дека ќе има малку кошеви и на двете страни.

Предлог тип: <211,5 поени (1.95)

 

Бостон селтикс – Милвоки бакс (00:30ч, НБА-лига)

Распоредот во новата сезона не е во полза на Бостон. Селтикс досега ги одмерија силите со Сиксерс и шампионот Торонто, како и со Њујорк. Сега повторно играат дерби, а во „ТД Гарден“ гостува најкорисниот играч во Лигата од минатата сезона. Токму Адетокумбо ќе биде најголемата закана за најтрофејната франшиза, кој пак игра турбулентно по стартот на оваа сезона.

Милвоки во сите три меча досега реализира над 115 поени, што е импресивен учинок иако се работи за екипа која конкурира за самата титула. Сепак, ноќеска ги очекува тежок предизвик за кој ќе треба да вложат максимален напор.

Предлог тип: <220,5 поени (2.0)

 

Џоел Ембид (Филаделфија севентисиксерс – Минесота тимбервулвс – 00ч, НБА-лига)

Доминантниот центар на Сиксерс се наоѓа пред вистински предизвик во дуелот против Минесота. Го очекува тешка битка во рекетот против Карл Ентони-Таунс, па затоа и се очекува од Ембид да се потруди за да прикаже брилијантна партија. Тоа што под обрачите ќе има противник по мерка, треба да му биде мотив за да биде носителот на Филаделфија за нова победа.

Во досегашните два меча Ембид во просек постигнува по 25 поени, а она што се очекува од него е да биде натпросечен во реализацијата.

Предлог тип: >26,5 поени (1.87)

 

Донован Мичел (Јута џез – ЛА клиперс – 03ч, НБА-лига)

Мичел и оваа сезона прикажува брилијатни игри и најчесто е носител на Џезерите. Кога е најпотребно, целиот тим се потпира на него, така ќе биде и ноќеска против новата велесила Клиперс, но знаејќи дека ќе мора да се спротивстави на моќниот Кавај Ленард.

Канџата ќе има задача да го спречи Мичел од нов блесок и да не го стигне просекот од 24 поени што го постави бекот на Јута по стартот на сезоната.

Предлог тип: <22,5 поени (1.87)

- Оглас -

Најнови вести