Опасно обвинување – Фудбалер на Саутемптон намерно предизвикал смрт на ќерката?

Шон Браун, поранешната девојка на Јан Валери најави дека ќе оди докрај во битката против фудбалскиот ас на Саутемптон за да докаже дека намерно ја убил нивната ќерка.

На својот Твитер профил Браун ја раскажа својата верзија на приказната, која звучи грозоморно, ако е вистинита.

„Не сакаше да има дете со мене и стори се Хера да не преживее. Кога бев во 20-та недела на бременост Јан нарача апчиња за прекин на бременоста и без мое знаење ги стави во вода за пиење. Веднаш потоа на снимање докторите детектираа дека детето има проблеми со срцето, што никогаш претходно на контролите не беше случај. Кога се роди Хера, докторите се обидуваа да ја спасат, но не успеаја. Ми почина во прегратки по два часа откако се роди. Потоа ми беше наложено да не говорам за овој случај, но нема да молчам“, напиша Браун на својот Твитер профил.

Ако се докаже дека Валери го сторил делото како што тврди неговата поранешна девојка, а се случило во периодот од 2018 и 2019 година, тогаш го чека затворска казна.

Евентуална истрага и судски процес ќе биде проблематичен и за Саутемптон. Неколку здруженија за човекови права и за заштита на жените побараа од популарните Светци да го отстранат францускиот интернационалец од тимот.

- Оглас -

Најнови вести