Опасност за Копа Америка – хаос во Бразил, милиони луѓе протестираа на улиците (Фото)

Уште на првиот дел од отворањето на Копа Америка, домаќинот Бразил се соочува со големи проблеми. Милиони луѓе излегоа на улиците во сите поголеми градови и протестираа поради лошиот стандард и условите за живот. Според извештаите, протести имало во дури 188 градови во 27 бразилски држави, а на улиците излегле дури 45 милиони луѓе.

Најмногубројни беа работниците од нафтената индустрија, банкарството и дистрибуцијата, потоа просветата како и студентите. Во Сао Пауло и Рио де Жанеиро протестантите завземаа и поголем дел од главните улици, но полицијата сепак успеа да ја држи ситуацијата под контрола.

И додека низ цел Бразил има протести, претседателот Болсонаро беше на стадионот во Сао Пауло да ја бодри бразилската репрезентација во победата над Боливија од 3:0.

Ако е вака во првиот ден од Копа Америка, организаторот дефинитивно ќе има проблеми во текот на следните три недели.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести