Ориги обожава карамели, најава за голеада на „Енфилд“ (видео)

Само шест минути беа потребни за Ливерпул да го отвори дербито на Мерсисајд против Евертон. Црвените водат со 2-1 на „Енфилд“ благодарение на погодоците на  Ориги и Шаќири, додека Кејн е човекот кој ги врати гостите во игра.

Белгиецот го постигна својот четврти гол во шестиот лигашки дуел против Карамелите, потсетувајќи дека во ланската сезона беше виновник за фијаското во судиското надополнување.

Избраниците на Јирген Клоп за брзо време стигнаа и до двојно водство преку Шаќири, а веќе во 21-вата минута дефанзивецот на Евертон намали на 2-1, како најава за возбудлио продолжение на дербито.

https://twitter.com/GolsInLive/status/1202325459842879488

- Оглас -

Најнови вести