Лудило на „Енфилд“ – Ливерпул со гол во 95-та го совлада Евертон

Ливерпул се избори за триумф над Евертон од 1-0, буквално во последните секунди од 232-то „Мерсисајд“ дебри. Изненадувањето на Јирген Клоп, Дивок Ориги, е херојот на „црвените“ против градскиот ривал.

Белгискиот напаѓач ја донесе победата во 95-тата минута од мечот, откако ја искористи катастрофалната грешка на Пикфорд, во последниот напад на домаќините. Домаќините претходно не искористија бројни шанси, но целиот труд до последен здив на крајот се исплати.

Човекот кој го замени Роберто Фирмино десетина минути претходно, ја имаше најлесната задача во на целиот драматичен натпревар на „Енфилд“.

https://www.youtube.com/watch?v=w5_UDIu3KXY

Ливерпул и по 14. кола во Премиер лигата останува на втората позиција, со освоени 36 бода, заостојуваат два зад лидерот Манчестер сити, додека имаат пет повеќе во однос на третопласираниот Челзи. Составот кој го води Марко Силва, со ист број на бодови како и Манчестер јунајтед (22), се наоѓа на шестото место со подобра гол-разлика од „црвените ѓаволи“.

- Оглас -

Најнови вести