Оригинална казна: Не смее да оди на мечевите на Бока додека не ја плати алиментацијата!

Хуго Федерико Саурес е навивачот на Бока јуниорс кој доби забрана од Судот да оди на стадион на мечевите на неговиот омилен клуб поради тоа што ја нема платено алиментацијата на својата поранешна сопруга за нивното заедничко дете. Токму поради тоа што заборава да даде пари за неговото дете, а не заборава да оди на стадион, па дури и на музички концерти, судот донесе интересна одлука.

„Не сте платиле ни цент од алиментацијата, а имате голема колекција на навивачки реквизити со знакот на Бока јуниорс кои може да ги продадете. Одите на секој меч на Бока, одите и на концерт на чилеанската пејачка Мон Лаферте. Додека не ја платите алиментацијата и сите заостанати рати, не смеете да се појавите на стадион да гледате мечеви на Бока, ниту на концерти на Мон Лаферте“, беше одлуката на Судот.

Неодговорниот татко веќе имал купено авионска карта и влезница за следниот концерт на Мон Лаферте, но по оваа одлука на Судот, нема да може да присуствува на музичкиот концерт. Фактот дека е невработен и нема редовни приходи, а може да си дозволи да се вози со авиони и да оди на натпревари и концерти, Судот се сомнева дека Хуго се занимава со некои нелегални работи од кои добива пари.

 

- Оглас -

Најнови вести