Орлите посилни од Волчицата, Луис Алберто одреди кој е владетелот на Рим (Видео)

Лацио ја надигра и совлада Рома со 3-0 во големото римско дерби на Серија А, и сега Орлите се на само три бода зад Рома која третопласирана на табелата.

Чиро Имобиле во својот четврти гол во римските дербија ја најави победата, а вториот и третиот погодок беа дела на Луис Алберто. Тој стана првиот играч на Лацио по Роберто Манчини од 1998 година, што на еден меч дал два гола во римско дерби во првенството.

https://www.youtube.com/watch?v=hQ6FRjN_BVI

- Оглас -

Најнови вести