Осака го откажа настапот во Доха

Наоми Осака нема да настапи на претстојниот ВТА турнир во Катар, Доха, кој започнува утре и ќе трае до 16-ти февруари. Најдобрата светска тенисерка требаше да се бори за нов трофеј откако го освои својот втор Грен слем во кариерата по победата над Петра Квитова во финалето на Отвореното првенство на Австралија.

Сепак, таа го одложи враќањето на терените поради болки во грбот, повреда која минатата година ја спречи да се појави на турнирот во Хонг Конг.

Носителки на турнирот во Доха ќе бидат Симона Халеп, Анџелика Кербер, како и Каролина Плишкова, додека наградниот фонд изнесува 913.131 долари.

- Оглас -

Најнови вести