Осасуна ќе брани минималец во Билбао за финале во кралскиот Куп (Видео)

Фудбалерите на Осасуна го совладаа Атлетик Билбао со 1:0 во првиот полуфинален натпревар во шпанскиот Кралски куп.

Човек на одлука беше Мароканецот Абде Езалзули, кој во 47-мата минута го постигна единствениот гол на натпреварот.

Реванш-натпреварот ќе се игра на „Сан Мамеш“ во Билбао на 4 април.
Второто полуфинале ќе биде вистински спектакл бидејќи се среќаваат Реал Мадрид и Барселона, првиот натпревар ќе се игра утревечер (21 часот) на „Сантијаго Бернабеу“.

- Оглас -

Најнови вести