Барселона планира да ангажира нов централен напаѓач во текот на летниот трансферен период, при што еден од водечките кандидати е Хулијан Алвaрес од Атлетико Мадрид. Сепак, реализирањето на таква трансферна операција изгледа комплицирано, па Каталонците разгледуваат и други опции за засилување на нападот.
Според „Мундо Депортиво“, една од алтернативите е Виктор Осимен, кој импресионира со ефикасноста и во Галатасарај, постигнувајќи 56 голови на 70 натпревари за турскиот клуб, што го прави еден од најинтересните кандидати за каталонскиот гигант.
Сепак, во управата на Барселона постојат одредени резерви поврзани со однесувањето на фудбалерот при заминувањето од Наполи во 2024 година, што отвора прашања за неговиот профил надвор од теренот.
Се очекува пред летото Барселона да се раздели со Роберт Левандовски и да бара квалитетна замена за Полјакот. Во медиумите се шпекулираше и за можноста голгетерот на Баерн Минхен, Хари Кејн, кој го замени Левандовски на „Алијанц арената“, да пристигне на „Камп ноу“, но англискиот капитен се чувствува задоволно во Германија и наскоро се очекува да го продолжи договорот со својот клуб.

