Осимен мечот против Лече го започна од клупата, но и тоа не му пречеше да се запише во листата на стрелци (Видео)

Италијанскиот шампион Наполи дојде до втората победа по ред во Серија А, откако денеска на гостувањето кај Лече славеше со 0:4 и скокна на третото место на табелата со 14 освоени бодови.

Тренерот Руди Гарсија одлучи да го остави на клупата на резервни играчи својот најдобар напаѓач, Виктор Осимен, кој е лут на управата поради несолената шега која клубот му ја приреди со објавата на видео на социјалните мрежи.

https://twitter.com/i/status/1708109095285256430

И без Осимен, Наполи постигна гол во првото полувреме, во 16-та минута и тоа преку Лео Остигард ,кој беше највисок во петерецот на голманот на Лече.

На стартот од второто полувреме, токму Осимен, само пет минути откако влезе во игра, се запиша во листата на стрелци.

Наполи во финишот постигна уште два гола за убедлив триумф од 0:4. Прво Џанлука Гаетано во 88-та минута зголеми на 0:3,  а конечниот резултат го постави Марко Политано од пенал во судиското продолжение.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, не доби шанса да заигра на овој меч.

- Оглас -

Најнови вести