Осма повреда сезонава за Бензема, нема да игра на наредниот меч на Реал Мадрид

Карим Бензема има повреда на зглобот на ногата, и нема да настапи за Реал Мадрид в сабота од 14 часот на дуелот со Еспањол од шпанската лига.

Кралскиот клуб не тренираше вчера и денеска, и ќе добие поштеда, а на терен се очекува да се врати следната недела, кога тимот ќе треба да игра тешки мечеви со Ливерпул в среда и потоа со Барселона на 19-ти март.

Бензема кој е и капитен на Реал, сезонава пропушти дури 13 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести