Останува во Денвер со плафон договор – Јокиќ е најкорисен играч во НБА, сега ќе биде и најскап и со историски 264 милиони долари за пет години

Никола Јокиќ останува во Денвер нагетс и веќе се договорил да потпише петгодишен договор за максимална сума од 264 милиони долари.

Најкорисниот кошаркар од регуларниот дел во НБА сезоната сега ќе биде и најскап со историски договор, што претставува рекорд.

Според договорот 27-годишниот кошаркар од Србија ќе има најголема заработка во последната сезона во 2027/28 и тоа точно 60 милиони долари.

https://twitter.com/BleacherReport/status/1542630516888829953?s=20&t=yoziDcIosM4WdEqiSp84NQ

Јокиќ има играно само за два клуба, најпрво за Мега баскет од 2012 до 2015 година и потоа за Денвер нагетс во НБА лигата.

Двапати беше МВП на регуларен дел на сезоната, има четири настапи на Ол-стар мечевите и трипати е избран во иделната петорка на најсилната кошаркарска лига на светот.

- Оглас -

Најнови вести