Останувањето на Меси значи чекор поблиску до невозможната мисија: Лео и Роналдо во 2021 година да заиграат заедно!

Лионел Меси и во новата сезона ќе го носи дресот на Барселона, откако денеска самиот фудбалер објави дека нема ништо од неговото заминување од „Камп ноу“. Иако сакаше да си оди од тимот во кој ја помина целата кариера, Меси ќе ја одработи и последната година од договорот, а потоа ќе може да си замине како слободен играч.

Уште пред неколку дена пишувавме за можната варијанта Меси да остане и што тоа може да донесе. Најавите се дека сега Пари Сен Жермен, а не Манчестер сити, е главен фаворит за да го добие Меси во 2021 година. Ова лудо сценарио го најави некогашниот фудбалер на ПСЖ, Фабрис Панкрат.

Играчот кој беше дел од светците во периодот од 2004 до 2009 година вели дека не само Меси, туку следната сезона во ПСЖ ќе пристигне и Кристијано Роналдо, а тренер ќе биде Пеп Гвардиола. Светците дефинитивно имаат пари за да си го дозволат Меси како слободен играч.

Ако се случи Меси и Роналдо да пристигнат во ПСЖ, тогаш францускиот клуб би можел да има неверојатен состав, затоа што таму веќе играат Нејмар и Килијан Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести