Натпревари од Премиер лигата, шкотскиот Премиершип и Африканскиот куп на нациите се дел од понудата во Квотите на денот во Sport Life. Петте предлози искомбинирани на еден тикет прават квота од 42.5, додека поединечно квотите се движат помеѓу 2.00 и 2.30.
Од фудбалерите на Тунис се очекува да ја победат Танзанија, а доколку тоа го направат во меч на кој ќе бидат постигнати помеѓу два и пет гола, тогаш квотата од 2.10 ќе биде добитна.
Челзи на домашен терен го пречекува Борнмут, а квотата од 2.00 ќе биде добитна само ако „сините“ и во првото и во второто полувреме не постигнат повеќе од еден гол.
Во меч од шкотскиот Премиершип, Глазгов ренџерс го пречекува Сент Мирен. Квотата од 2.30 ќе биде добитна ако домашните постигнат повеќе голови во второто полувреме, во споредба со првото.
Од фудбалерите на Манчестер јунајтед се очекува лесна и убедлива победа над Вулверхемптон, па квотата од 2.20 ќе биде добитна ако Црвените ѓаволи имаат предност на полувремето и на крајот триумфираат во меч на кој ќе бидат постигнати најмалку два гола.
Во најинтересниот меч од Премиер лигата вечерва играат Арсенал и Астон вила. Понудената квота од 2.00 ќе биде добитна само ако во првото полувреме не биде постигнат повеќе од еден гол, додека во второто полувреме потребни се помеѓу еден и три гола.


