Осум месеци беше суспендиран, а денес се врати со фантастичен гол (Видео)

Брентфорд го совлада Нотингем форест со 3-2, а во домашната екипа после осум месеци суспензија се врати Ајван Тони, и тоа не било како, туку со фантастичен погодок од слободен удар.

Тони беше суспендиран поради нелегално обложување, но иако беше надвор од фудбалските терени, сепак за него имаше интерес од Арсенал и Челзи и нема да биде изненадување доколку во иднина го гледаме во некој од премиерлигашките великани.

Со погодокот денес уште еднаш ги покажа своите квалитети, иако осум месеци воопшто не играше фудбал.

- Оглас -

Најнови вести