Фудбалската репрезентација на Македонија во наредните две години ќе настапува во нови дресови од производителот „Адидас“.

ФФМ го претстави новиот дрес на македонскиот национален тим, изработен од „Адидас“ во рамките на програмата UEFA Kit Assistance Scheme. Вкупно 10 европски национални селекции ќе настапуваат во ново дизајнирани дресови од програмата основана во 2007 година, која обезбеди натпреварувачка и тренинг-опрема за националните асоцијации, овозможувајќи им на репрезентациите да настапуваат во висококвалитетни, уникатни дресови што ја одразуваат нивната фудбалска култура и историја.

Освен Македонија, нови дресови добија и уште девет селекции со послаб ФИФА рејтинг од нас: Андора, Белорусија, Кипар, Фарски острови, Казахстан, Косово, Лихтенштајн, Малта и Сан Марино.


