Белорусите покажаа дека фудбало може да има и во ерата на Коронавирусот, а откако минатата недела во Германија по двомесечна пауза се врати фудбалот, сѐ поголем број на земји ги активираа своите шампионати.
За денеска и утре има мечеви во првенствата и на Ерменија, Чешка, Естонија, Фарски Острови и Унгарија. Тоа значи дека вкупно седум европски фудбалски првенства веќе се активни, а овој број ќе биде сѐ поголем во наредните неколку недели. Едноставно мора повторно да се активира спортот, па макар тоа моментално да биде и без присуство на публика.
Во Германија денеска на програмата се шест меча од Бундеслигата и три дуели од Цвајте, односно втората лига. Ерменскиот гигант Пјуник игра денеска, а во ова првенство има и уште еден меч. Белорусија беше едиснтвената европска земја која во ниту еден момент не сопре со фудбал за време на пандемијата, па логично е викендов да се играат првенствени мечеви.
Заедно со германското првенство минатиот викенд стартуваше продолжија и шампионатите во Естонија и Фарски острови, а по пауза од два месеци денеска ќе има возбудувања и во Чешка, како и во првенството, но и во Купот на Унгарија.
Сите овие мечеви се дел од понудата на Sport Life, а освен традиционалниот тикет кој може да го направите во некој од објектите на обложувалниците, сега може да се обложувате онлајн и од дома, дури со можност да заработите и до 500 денари. ТУКА проверете како да се обложувате ОНЛАЈН.