Кејли Мекон е освојувачка на златниот медал во трката на 100 метри грбно. Австралијката исплива со време од 57:47 секунди, што е нов олимписки рекорд. За 20-годишната Мекон ова е прво злато на големите натпреварувања, а за тоа колку беше возбудена, се покажа и на изјавата која требаше да ја даде веднаш по победата.
Кога новинарот ја запраша што има да им каже на мајка ѝ и сеста ѝ, Кејли имаше чудна реакција. Најпрво кажа неколку пцовки, а потоа сфати дека изјавата е во живо на ТВ.
“What would you like to say to your mum and your sister?”
“Fuck yeah oh shit… Woooo 🤙”Congratulations to the legend Kaylee McKeown for the🥇and this perfect #Olympics moment pic.twitter.com/tgHOCzD0lD
— Jeremy Story Carter (@jstorycarter) July 27, 2021
Австралијанката беше и најголема фаворитка за златото на оваа патека, затоа што пред само еден месец во Аделаида постави светски рекорд со време од 57:45 секунди.