35.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Откако е во Премиер лигата, Мурињо само третпат доживеа ваков шок

Роберто Фирмино со голот во 90-тата минута му донесе победа на Ливерпул во дербито против Тотенхем, а со трите освоени бода, актуелниот шампион на Англија сега се искачи и на лидерската позиција. По мечот, Жозе Мурињо, тренерот на Тотенхем, постојано повторуваше дека „подобриот тим загубил“.

Португалскиот стратег не е научен да прима голови во 90+ минути и јасно е зошто беше толку разочаран по средбата на „Енфилд роуд“. Како предводник на Челзи, на Манчестер јунајтед и сега на Тотенхем, Мурињо има 10-годишно искуство во Премиер лигата, а ова е само трет првенствен меч на кој негов тим прима гол во 90+ минута за да загуби.

Претходно тим на Мурињо со гол во 90-тата минута има загубено само уште во август 2006 година, кога Марк Видука погоди за триумф на Мидлсборо, а тоа се случи само уште во декември 2013 година, во дуелот со Стоук. Во двата случаи, Мурињо беше тренер на Челзи.

 

- Оглас -

Најнови вести